Корисничко име Лозинка Пријави се
16.3.2018

Филипе Луис ќе го пропушти и Светското првенство

Левиот бек на Атлетико Мадрид се повреди во дуел со Едер пред голот на Локомотив на реванш-натпреварот од осминафиналето на Лигата на Европа.

Филипе Луис теренот го напушти на носилки, а колку е сериозна повредата на фибулата на левата нога ќе се знае дури по деталните прегледи во Мадрид.
Едер во игра влезе на почетокот на второто полувреме на местото на повредениот Џеферсон Фарфан и по 17 минути игра, по грубиот старт пред голот на Вернер, го повреди бразилскиот репрезентативец.
Првите прогнози не се добри, постои сомнение дека фибулата е тешко е оштетена и голема е веројатноста дека не само што нема да може да им помогне на соиграчите до крајот на сезоната, туку нема да игра ниту на Светското првенство во Русија. Доколку дошло до фрактура на коската, на теренот се очекува да се врати дури на почетокот на наредната сезона.

Најнови вести