Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
29.6.2017

Челзи го „киднапираше“ Манолас

Трансферот на стоперот на Рома Костас Манолас во Зенит пропадна во последен момент поради повикот на менаџерот на Челзи Антонио Конте.

Според англиските медиуми Манолас не се појавил на лекарските прегледи во Зенит за комплетирањето на големиот трансфер вреден 65 милиони евра, вклучувајќи го и преминот на неговиот соиграч Леандро Паредес поради интересот на Челзи во последен момент.
Грчкиот дефанзивец побарал и дополнително време да преговара околу личните услови со Зенит, а откриено е дека добил понуда од Челзи и поради тоа одолговлекувал.
Таквата ситуација ги налутила челниците на Зенит и на Рома и тоа откако Манолас побарал во Санкт Петерсбург да биде платен во евра, а не во руски рубљи, што подоцна и му било одобрено.
Антонио Конте во Гркот гледа засилување за одбраната и замена за Џон Тери кој си заминува од клубот.

Најнови вести