Корисничко име Лозинка Пријави се
14.10.2013

Кубањ го смени Мунтеану

Рускиот прволигаш Кубањ од Краснодар го отпушти тренерот Доринел Мунтеану само по три месеци, колку што помина Романецот на таа функција.

„Луѓето од управата ми соопштија дека донеле одлука да го раскинат договорот со Мунтеану. Не му се лутиме на клубот, животот оди понатаму“, изјави за руските медиуми Леонид Истрати, менаџерот на Мунтеану.
Романскиот тренер на клупата на Кубањ дојде летоска, на местото на Леонид Кучук, кој отиде во Локомотив од Москва.
Кубањ под водство на Мунтеану избори пласман во Лигата на Европа, но во рускиот шампионат моментно се наоѓа на десеттото место на табелата со 14 бодови од 12 натпревари.
Руските медиуми наведуваат дека Мунтеану на клупата ќе го наследи Виктор Гончаренко, поранешен тренер на шампионот на Белорусија, БАТЕ Борисов.

Најнови вести