Корисничко име Лозинка Пријави се
30.8.2018

Ангелов си замина од Ујпешт

Нов клуб на репрезентативецот, најверојатно, ќе биде Работнички

Виктор Ангелов веќе не е член на унгарскиот прволигаш Ујпешт, каде што играше од 2016 година и на 28 настапи даде два гола. Тој кариерата, најверојатно, ќе ја продолжи во Работнички, неговиот матичен клуб, чиј дрес го носеше од 2011 до 2013 година, а и во минатата сезона кога играше како позајмен. 
Ангелов, кој има 24 години, роден е во Дортмунд, Германија. Има играно за Работнички, Тетекс и Металург, пред да прејде во клубот од Будимпешта, а беше член и на младинската репрезентација која настапи на Европското првенство во Полска.
„Време е да си кажеме збогум. Сакам да им се заблагодарам на моите соиграчи, тренерите, управата, а специјална благодарност до навивачите. Ве сакам. Беше задоволство да се игра за Ујпешт“, напиша Ангелов на социјалните мрежи.