Корисничко име Лозинка Пријави се
25.1.2016

Валдес на позајмица во Стандард

Голманот на Манчестер јунајтед Виктор Вaлдес до крајот на сезоната ќе игра како позајмен играч во Стандард Лиеж, објави англискиот клуб.

Шпанецот од доаѓањето на Островот во јануари минатата година не успеа да се избори во конкуренцијата со Давид де Хеа и Серхио Ромеро, па мораше да побара нова средина за себе.
Кариерата на Валдес се наоѓа во драстичен пад откако го оперираше коленото и ја напушти Барселона, а за Јунајтед одигра само два натпревари.
Со матичната Барселона Валдес освои дури 21 трофеј, од кои три во Лигата на шампионите, шест титули на Примера, два кралски купа, шест Суперкупови на Шпанија по два УЕФА Суперкупови и Светско клупско првенство.
За репрезентацијата на Шпанија има 20 настапи и титула како првак на светот и Европа.

Најнови вести