Корисничко име Лозинка Пријави се
12.8.2018

Хонда ќе биде селектор во Камбоџа и играч во Австралија

Кеисуке неодамна потпиша договор со Мелбурн Виктори, а сега се договори да биде и селектор на азиската репрезентација

Некогашниот играч на Милан, Каисуке Хонда реши дека може да биде и играч и селектор во исто време. Јапонецот кој се повлече од репрезентативниот дрес по завршување на Светското првенство во Русија, за помалку од една недела потпиша два сериозни договори. 
Хонда реши да ја продолжи кариерата во Австралија каде ќе го носи дресот на Мелбурн Виктори. И додека во Австралија ќе ја има улогата на играч, од денеска тој е и селектор. Хонда ја прифати понудата да биде селектор на репрезентацијата на Камбоџа. 
Бидејќи ќе има клупски обврски во Мелбурн, еднаш неделно Хонда ќе има видео конференциски собир со репрезентативците на Камбоџа, која моментно е на 166 место на ФИФА листата.
Врвот на играчката кариера на Хонда беше кога го носеше дресот на некогашниот европски првак Милан, а беше и во тимот на ЦСКА Москва. Сега тој ќе има двојна обврска и ќе треба добро да ги менаџира обврските за да успее да биде успешен на двете полиња.