Корисничко име Лозинка Пријави се
20.10.2014

Пипо: Нападот најдобар, но одбраната...

Филипо Инзаги, тренерот на Милан, изјави дека има најдобар напад во Серија А, но дека одбраната мора уште да напредува.

„Росонерите“ по очајниот старт на сезоната, остварија втора последователна победа, совладувајќи ја Верона со 3-1 во гости.
„Момчињата добро работеа во текот на минатата седмица. Мораме да ја поправиме играта во одбраната. Екипата игра добро, но одбраната е клучот. Мораме да ја поправиме одбраната“, изјави Инзаги.
Двократен стрелец за Милан во Верона беше Кеисуке Хонда, но сè уште се чека да проработи големото засилување Фернандо Торес.
„Среќни сме по оваа победа, посебно бидејќи дојдовме без неколку важни играчи. Среќен сум поради играчите, среќен бидејќи имаме најдобар напад во лигата. Доволно беше уживање, сега мораме да мислиме на Фиорентина“, додаде Пипо.
Милан по седум кола, има 14 бодови и е четврти на табелата во Калчо лигата, со пет бодови зад лидерот Јувентус.

Најнови вести