Корисничко име Лозинка Пријави се
31.3.2012

Џагоев ќе паузира шест седмици

Репрезентативецот на Русија, Алан Џагоев, го скрши стапалото на десната нога и ќе паузира најмалку шест недели, соопшти неговиот клуб ЦСКА Москва.

Талентираниот фудбалер од средината на теренот опериран е во Германија, а со првите тренинзи треба да почне за шест недели, што најверојатно значи дека ќе може да настапи на Европското првенство во Полска и Украина.
Освен што неговата повреда го загрижи рускиот селектор Дик Адвокат, таа е и сериозен удар за ЦСКА Москва која во финишот на руското првенство поради повреда на колкот не може да смета ниту на Јапонецот Кеисуке Хонда.
Џагоев кариерата ја почна во Крилја Советов, а во клубот од Москва дојде во 2008 година. За руската репрезентација настапи на 18 натпревари и постигна четири голови, вклучувајќи го и решавачкиот гол против Словачка со кој Русија се пласираше на Евро 2012.

Најнови вести