Корисничко име Лозинка Пријави се
01.10.2015

Валдес ќе го раскине договорот со Јунајтед

Виктор Валдес наскоро ќе го раскине договорот со Манчестер јунајтед, пренесува „Ас“.

Поранешниот голман на Барселона не е во прв план бидејќи на голот предност имаат Давид де Хеа и Серхио Ромеро, поради што клубот ќе му излезе во пресрет и ќе го пушти без оштета да избере нова средина.
Единствен услов на Јунајтед е да не потпишува за клуб од Премиер лигата бидејќи не сакаат да ги засилуваат конкурентите. Тоа веднаш ја исклучува можноста да направи трансфер во Ливерпул или во Челзи, коишто се во потрага за голмани.
Валдес точно пред една година дојде во Јунајтед, но често имаше несогласувања со менаџерот Луис ван Хал, посебно откако одби да брани за резервниот тим на неколку натпревари.
Тој забележа само два настапи за англискиот тим.

Најнови вести