Корисничко име Лозинка Пријави се
31.5.2016

Ла Коруња го отпушти Санчес

Шпанскиот фудбалски стручњак Виктор Санчес е отпуштен од местото тренер на Депортиво Ла Коруња, потврдено е на интернет страницата на клубот.

Клубот од Галиција го обезбеди својот опстанок во Примера, откако заврши на 15-тото место со четири бодови повеќе од опасната зона, но оваа сезона запиша само осум победи во првенството.
„Управниот одбор донесе одлука да го раскине договорот со Виктор Санчес. Клубот му се заблагодарува на Санчес на големата посветеност, трудот и професионализмот, кој го покажа во текот на целата сезона во која успеавме да го задржиме статусот на прволигаши“, стои во соопштението.
На некогашниот фудбалер на Реал Мадрид, ова му е прв тренерски ангажман, откако претходно работеше како асистент во Хетафе, Севилја и Олимпијакос.

 

Најнови вести