Корисничко име Лозинка Пријави се
11.1.2013

Депортиво Ла Коруња во тешка финансиска криза

Фудбалскиот клуб Депортиво Ла Коруња побара од Шпанскиот суд заштита од банкрот и така стана уште еден клуб во Шпанија кој побара помош да не престане да функционира.

Клубот соопшти дека до шпанските судови поднел документација и побарал да му се дозволат нови преговори околу реструктурирање на големите долгови кои ги има.
Ла Коруња е осмиот клуб од првата шпанска лига кој побарал заштита од банкрот или ги отплаќа долговите по излегувањето од административната заштита.
Клубот од северот на Шпанија во ноември објави дека државната даночна управа му ги стопирала приходите од телевизиските права за да го плати данокот кој го должи.
Шпаниските фудбалски клубови од минатата пролет на државата ѝ должат вкупно 752 милиони евра.

Најнови вести