Корисничко име Лозинка Пријави се
20.8.2018

Реал тргна победнички во Ла Лига

Карвахал и Герет Бејл ја донесоа првата победа на „кралевите“ во Примера под водство на Лопетеги

Реал Мадрид со победа ја стартуваше новата сезона во шпанското првенство, на „Сантијаго Бернабеу“ лесно беше совладана екипата на Хетафе со резултат од 2-0.

За првиот гол на домашниот состав беа потребни 20 минути, откако Карвахал ја искористи грешката на голманот на Хетафе иа смести топката во мрежата. Со целосна контрола врз мечот, Реал се обидуваше да го зголеми водството, и тоа го направи преку Герет Бејл, кој во 51-вата минута погоди при асистенција на Марко Асенсио.

Избраниците на Лопетеги направија нешто што никогаш досега не им успеало под водство на Зидан, мечот го завршија со 78% посед на топка, а последен пат ваква статистика забележија во 2009 година.

„Задоволен сум како ја започнавме сезоната. Не само поради освоените бодови, туку и поради начинот на којшто игравме. Доминиравме во текот на целиот меч, постигнавме два гола, а ја зачувавме својата мрежа. Движењето на теренот засега ме радува, иако има простор за напредување“, истакна Лопетеги по мечот.

Најнови вести