Корисничко име Лозинка Пријави се
27.4.2017

Реал ослабен и без најголемите ѕвезди, но ефикасен исто како и Барселона

Ова беше една речиси ефикасна вечер за водечките шпански тимови, по седумката на Барселона во дуелот со Осасуна, Реал на „Ријазор“ го совлада Депортиво со убедливи 6-2.

Иако во Ла Коруња допатуваа без речиси цел еден тим (Бејл, Модриќ, Роналдо, Бензема, Рамос, Крос), фудбалерите на Реал многу брзо го решија прашањето кој ќе биде победник.
Алваро Мората даде гол во првиот напад (во 53-тата секунда), а Џејмс Родригес во 14-тата минута за безбедни 0-2.
Андоне во финишот на полувремето намали, но Лукас Васкез во последната минута од првиот дел погоди за 3-1.
Во продолжението на натпреварот, Џејмс, Иско и Каземиро беа стрелци за Реал, додека Хоселу го постигна вториот гол на Депортиво Ла Коруња, против неговиот некогашен тим.
Реал со оваа победа се изедначи на првото место со Барселона, но Кралскиот клуб и понатаму е во подобра позиција бидејќи има натпревар помалку.

Најнови вести