Корисничко име Лозинка Пријави се
01.9.2017

Перез се врати во Депортиво, Кембел во Бетис

На последниот ден од преодниот рок беа реализирани многу заеми, а во сенката на оние најзвучните, заемот на Ренато Санчес во Свонси, се случија уште неколку интересни трансфери.

Лукас Перез конечно се врати во Депортиво Ла Коруња, во клубот во којшто го играше најдобриот фудбал во кариерата пред да отиде во Арсенал.
Лондонскиот клуб се согласил да го испрати на заем 29-годишниот играч, на голема радост на навивачите на Депортиво.
По тој пат, од „Емирати“ назад во Примера лигата, тргна и Џоел Кембел, напаѓачот од Костарика.
Тој по пет години повторно ќе го носи дресот на Бетис, исто така како играч на заем од Арсенал. Њукасл го испрати искусниот голман Тим Крул во Брајтон.
Ливерпул за 26 милиони фунти го продаде Мамаду Сако на Кристал палас, клубот во кој францускиот одбранбен фудбалер настапуваше како позајмен фудбалер во втората половина од минатата сезона.
Фудбалерот од средината на теренот на Лестер, Дени Дринквотер, го комплетираше трансферот во Челзи за 35 милиони фунти.
Холанѓанецот, кој има огромно искуство во Премиер лигата, во новиот клуб ќе соработува со стариот тренер од Њукасл, Крис Хјутон.
На Островот, но на шкотскиот дел, стигна Одсон Едуар, младиот напаѓач од редовите на ПСЖ. Тој во наредната година ќе игра за Селтик.

Најнови вести