Корисничко име Лозинка Пријави се
18.10.2017

Почна НБА: Леброн брутален, Кајри не погоди за продолжение

Кливленд кавалирс го совладаа Бостон селтикс со резултат 102:99 во дуелот кој ја отвори новата сезона во НБА-лигата.

Натпреварот почна со шокантна повреда на Гордон Хејворд, кој го доживеа фрактура на глуждот на левата нога и веднаш беше пренесен во болница.
Селтикс успеаја да закрепнат од шокот и дојдоа на -18 од втората четвртина, но Кливленд во финишот предводен од Леброн Џејмс и Кевин Лав оствари триумф на стартот на сезоната.
Тројка за продолжение во последната секунда не погоди Кајри Ирвинг, кој беше исвиркан во „Квикен Лоанс арената“ по заминувањето од Кливленд ова лето.
Џејмс натпреварот го заврши со 29 поени, 16 скокови и девет асистенции, Лав постигна 15 поени и имаше 11 скокови, Дерик Роуз 14 поени и четири скока, а десет поени од клупата додаде Џеј Ар Смит.
Во составот на Бостон, Џејлен Браун постигна 25 поени и шест скокови, а Кајри Ирвинг во неговото официјално деби за Бостон постигна 22 поени и имаше десет асистенции и четири скока.
Играчите и публиката беа во шок во текот на првото полувреме по тешката повреда на Хејворд, па вистински натпреварот се доживеа дури во продолжението.
Изгледаше дека Кливленд лесно ќе слави, бидејќи имаше +18 на крајот на првиот дел и +16 на полувремето, но Бостон со одличната тимска игра целосно се врати во третиот квартал.
Во последниот дел имаше резултатски промени, Селтикс имаа плус четири на неколку минути пред крајот, но Џејмс и Лав завршија одлична работа во финишот и славеше Кливленд.

Најнови вести