Корисничко име Лозинка Пријави се
05.8.2018

Провокација за Ново, навивач на Селтик му пееше „Се надевам дека ќе умреш во сон“

Легендата на Глазгов Ренџерс, Начо Ново влета во конфликт со навивач на Селтик на аеродромот во Белфаст, откако беше испровоциран со песна

Ново преживеа срцев удар пред извесно време и тоа на терен, но за среќа се спаси, иако веќе не игра фудбал. Морбидно, навивачите на лутиот ривал Селтик оттогаш почнаа да  му пеат песна „Се надевам дека ќе умреш во сон, Начо Ново“.
Ново беше испровоциран со истата песна на аеродромот во Белфаст, па му се закани на провокаторот со физичка пресметка. Сепак за среќа до конфликт не дојде. Шпанецот одигра 255 натпревари за Глазгов Ренџерс и во славниот шкотски клуб го сметаат за фудбалска икона.

 

Најнови вести