Корисничко име Лозинка Пријави се
16.8.2018

Џерард „уништувач“ на ексју тимови

Жртви на Ренџерс беа Шкупи, Осиек и Марибор

Откако седна на клупата на шкотскиот тим Глазгов ренџерс, летово тренерот Стивен Џерард елиминираше три клуба од просторите на поранешна Југославија. Прва жртва на „ренџерите“ беше скопскиот Шкупи, потоа на ред дојде хрватскиот претставник Осиек, а вечерва Ренџерс ја помина и третата пречка, словенечкиот Марибор. Во баражот за влез во групите од ЛЕ, Ренџерс ќе игра против рускиот претставник Уфа. 
Македонскиот првак Шкендија и официјално го доби својот ривал во баражот, а тоа е Розенборг, кој потврди дека е многу посилен од ирскиот Корк сити и со вкупни 5-0 оди понатаму. Првиот меч е на 23-ти август во Трондхајм, а реваншот една недела подоцна во Скопје.  
Од мечевите кои стартуваа од 20.15 до 20.45 часот, пласман во следната рунда обезбедија и Генк, Стеауа, Тренчин, Гент, Партизан, Рапид Виена, Бордо и Сарпсборг. Најголеми губитници беа хрватските тимови Хајдук и Риека. Сплиќани се елиминирани од Стеауа со примен гол во последните секунди, додека риечани имаа 1-1 од првиот меч во Норвешка, а загубија дома. 
Барнли и Башакшехир не си дадоа гол за 180 минути, па играат продолженија. 

 

Најнови вести