Корисничко име Лозинка Пријави се
02.4.2018

Шпански фудбалер паднал од третиот кат

Пелајо Ново, фудбалерот на шпанскиот второлигаш Албасете, паднал од третиот кат на хотелот во којшто отседнал неговиот тим и се здобил со тешки повреди.

Клубот соопшти дека Ново е во стабилна состојба по невнимателната несреќа во хотелот во градот Уеска, во североисточниот дел на Шпанија.
Ново бил префрлен во болница во близина на Сарагоса.
Други детали не се соопштени, а локалните медиуми наведуваат дека на Ново ќе му биде извршена операција поради повеќе фрактури.
Шпанските медиуми наведуваат дека 27-годишниот Ново паднал во отворен простор во внатрешноста на хотелот, наводно додека се потпирал на оградата и зборувал по телефон.
Натпреварот меѓу Албеасете и Уеска беше одложен.