Корисничко име Лозинка Пријави се
23.12.2011

Атлетико Мадрид го отпушти Манцано

Грегорио Манцано доби отказ од мадридскиот клуб ден по шокантната елиминација во 1/16 финалето на Шпанскиот куп од третолигашот Албасете.

Извршниот одбор на клубот не му даде доверба на 55-годишниот италијански стручњак по дебаклот и почна да бара нов тренер.
Ова беше втор мандат на Манцано на клупата на „јорганџиите“ од Мадрид во кој издржа само шест месеци. Минатата сезона ја водеше Севилја, а четири години претходно Мајорка. Го остава Атлетико Мадрид на десеттото место на првенствената табела без ниту една победа на гости и со само четири бода предност пред клубовите во зоната на испаѓање.
Засега уште нема официјален став за тоа кој ќе биде новиот тренер, а шпанските медиуми шпекулираат дека тоа ќе биде Диего Симеоне, поранешниот фудбалер на клубот, кој деновиве го напушти аргентинскиот Расинг по што изјави дека сака да го прифати предизвикот во Мадрид.
Манцано е четвртиот тренер кој остана без работа од почетокот на сезоната во Примера дивизион по Михаел Лаудруп (Мајорка), Хектор Купер (Расинг Сантандер) и Хуан Карлос Гаридо (Вилјареал).

Најнови вести