Корисничко име Лозинка Пријави се
15.6.2018

Гриезман одлучи – останува во Атлетико

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гриезман, одлучи да остане во Мадрид и следната сезона.

Францускиот репрезентативец го исполни ветувањето и пред почетокот на Светското првенство и првиот натпревар со Австралија стави крај на сите шпекулации.
„Мои навивачи, мој тим, мојата куќа“, напиша дваесет и седумгодишниот Гриезман со придружно видео пред  новиот стадион „Ванда Метрополитано“.
Најголем интерес за напаѓачот во последните два преодни рока покажа Барселона.
Гриезман во Атлетико дојде во 2014 година од Реал Сосиедад и минатата сезона постигна 29 голови на 49 натпревари.
Французинот со „јирганџиите“ ја освои Лигата на Европа сезонава, а пред три години во финалето на Лигата на шампионите беше поразен од Реал Мадрид.
Франција утре  во Казањ го игра првиот натпревар од Групата Ц против Австралија.

Најнови вести