Корисничко име Лозинка Пријави се
11.6.2018

Гриезман: До сабота ќе одлучам каде ќе играм

Антоан Гриезман, напаѓачот на Атлетико Мадрид, претходните дена се поврзуваше со Барселона, а дали ќе дојде до тој трансфер или Французинот ќе остане во Мадрид, ќе се знае во сабота, кога „галските петли“ ќе го почнат натпреварувањето на Светското првенство во Русија.

Гриезман е главна цел на Каталонците во овој преоден рок, а за тоа колку е значајно неговото доаѓање на „Камп ноу“ зборуваше и првата ѕвезда на тој тим, Лионел Меси.
Но, за тоа се прашува и Атлетико. Диего Симеоне, тренерот на тој тим, не сака да се откаже од својот најдобар играч, па „јорганџиите“, наводно, се подготвени да го направат францускиот напаѓач еден од најплатените играчи на денешницата.
Како ќе заврши целата приказна, треба да се знае во текот на следната недела.
„Почнаа да ме нервираат тие приказни. Светското првенство почнува во сабота, тогаш играме ние, така што сè ќе се знае дотогаш. Поточно, се надевам дека ќе биде така. Сакам пред Мундијалот да знам каде ќе играм следната сезона“, изјави Гриезман.
За неговиот статус зборуваше и Дидие Дешамп, селекторот на Французите, кој даде неодреден одговор.
„Имам информација дека останува во Шпанија“, изјави Дешамп за новинарите.
Гриезман ќе биде еден од најважните играчи на Франција на Мундијалот во Русија. Вицешампионот на Европа се наоѓа во групата Ц со Данска, Перу и Австралија, со која првиот натпревар го игра на 16-ти јануари.

Најнови вести