Корисничко име Лозинка Пријави се
25.7.2018

Сега и официјално: Желсон Мартинс во Атлетико

Желсон Мартинс, досегашниот крилен играч на Спортинг, потпиша шестгодишен договор со шпанскиот вицешампион Атлетико од Мадрид, во којшто стигна како слободен играч.

Мартинс е еден од четворицата играчи на Спортинг коишто издејствуваа раскинување на договорот поради нападот на навивачите на тренингот. Во овој случај, тоа го искористи Атлетико и го доведе како слободен играч не плаќајќи му на Спортинг ниту цент.
Португалскиот клуб ќе бара од „јорганџиите“ да му исплатат оштета во износ од 40 милиони евра, а уште претходно, во случајот со трансферот на Руи Патрисио, кој ја започна лавината, во Вулверхемптон, поднесоа жалба до ФИФА во која бараат англискиот клуб да им плати 50 милиони евра.
Желсон Мартинс минатата сезона во Спортинг на 52 натпревари во сите натпреварувања имаше учинок од по 13 голови и асистенции.

Најнови вести