Корисничко име Лозинка Пријави се
04.1.2012

Љоренте почна да тренира

Фернандо Љоренте, играчот на Атлетико од Билбао, закрепна од повредата на коленото и продолжи да тренира.

Љоренте не играше околу еден месец поради повредата, па тренерот Марсело Бјелса не го стави во тимот за мечот против Албасете во Кралскиот куп.
Овој 26-годишен напаѓач, кој забележа 19 настапи за репрезентацијата, беше главен кандидат да го заземе местото во првиот тим на „фуријата“ бидејќи Давид Вилја има скршена нога, додека Фернандо Торес и понатаму е надвор од форма.
Љоренте оваа сезона одигра 13 натпревари за Атлетик Билбао и постигна пет голови.

Најнови вести