Корисничко име Лозинка Пријави се
09.8.2018

Најскапиот голман во светот имаше бесплатни лекции од Енис Барди (Видео)

Кепа сигурно уште долго време ќе го памти македонскиот репрезентативец

Шпанскиот голман Кепа Арисабалага стана најскапиот голман во историјата, откако за 80 милиони евра направи трансфер од Атлетик Билбао во Челзи. Кепа потпиша седумгодишен договор со лондонскиот тим, каде треба да израсне во еден од најдобрите голмани во светот. 
Неспорно е дека 23-годишниот Кепа е еден од најталентираните голмани и го очекува голема кариера, но сигурно нема уште долго време да ја заборави „лекцијата“ која ја доби од македонскиот репрезентативец Енис Барди. 
Пред неполни четири месеци на „Сан Мамеш“ Атлетик Билбао го пречека Леванте, каде настапува Барди. Баскиците имаа водство од 1:0, кога на сцена стапи македонскиот репрезентативец. 
Барди даде два прекрасни голови од слободен удар, а Кепа делуваше немоќно да се справи со „бомбите“ на еден од најдобрите изведувачи на слободни удари во Примера дивисион во моментов. 
Најпрво во 43 минута Барди речиси од „мртов агол“ погоди за 1:1, а само две минути подоцна од речиси идентична ситуација по втор пат го матираше Кепа, за водство на Леванте од 2:1. На крајот, Леванте победи со 3:1, а токму тие три бода тогаш значеа скок кон зоната за опстанок. 

 


Најнови вести