Корисничко име Лозинка Пријави се
14.9.2018

Бјелса е воодушевен: Никој нема подобри навивачи од Лидс

Марсело Бјелса е воодушевен од навивачите на Лидс, а вели дека атмосферата на „Еланд Роуд“ е неповторлива

Аргентинскиот стратег Марсело Бјелса е пријатно изненаден од атмосферата на „Еланд Роуд“, а со многу комплименти ги фали навивачите на Лидс, клуб кој го предбоди од клупата од ова лето.
„Никој нема подобри навивачи од Лидс. Повеќе од 30 години ја работам оваа работа и тврдам дека во сите елементи се над конкурентите. Атмосферата е неверојатна, со нив и на играчите им е многу полесно да играат, а и се однесуваат како вистински џентлмени. Им аплаудирам од срце за тоа што не бодрат до максимум“, вели Бјелса.
Честопати истото го потенцира и нашиот репрезентативец Џани Алиоски, кој е една од главните алки во играта на лидерот во Чемпионшип во Англија.
Лидс е без пораз по шест кола, фудбалерите играат одлично, а како што вели Бјелса со навивачи какви што има Лидс и Премиерлигата не е далеку од Јоркшир.    

 

Најнови вести