Корисничко име Лозинка Пријави се
19.4.2016

Марсеј го отпушти тренерот Мичел

Четири кола пред крајот на францускиот шампионат челниците на Олимпик Марсеј одлучија да му се заблагодарат за соработката на досегашниот тренер Мичел.

Поранешниот шампион на Европа, Олимпик Марсеј, го смени тренерот Мичел по очајните резултати кои тимот ги бележеше под неговото водство во тековната сезона.
Некогашниот фудбалер на Реал Мадрид пристигна во Марсеј како замена на Марсело Бјелса во текот на минатото лето, но тимот со него на чело доживеа тотален крах.
Олимпик Марсеј на четири кола пред крајот на францускиот шампионат се наоѓа на петнаесеттото место на табелата со шест бодови повеќе од првиот клуб од зоната за испаѓање. 
Смената на тренерот следуваше само ден пред полуфиналната средба во Купот на Франција во која Марсеј утре треба да се сретне со второлигашот Сошо.


Најнови вести