Корисничко име Лозинка Пријави се
21.6.2013

Ернесто Валверде нов тренер на Атлетик Билбао

Ернесто Валверде очекувано е именуван за нов тренер на шпанскиот фудбалски прволигаш Атлетик Билбао.

Четириесет и деветгодишниот Валверде на клупата на Атлетик го наследи Марсело Бјелса, а потпиша двегодишен договор. Информацијата синоќа преку својата официјална интернет-страница ја потврди баскискиот клуб.
Валверде минатата сезона ја заврши на тренерската клупа на Валенсија, која не успеа да ја воведе во најелитното фудбалско натпреварување – Лигата на шампионите. Валенсија во Примера лигата се пласира на петтото место, иако пред последното коло беше четврта. Но, поразот во 38-мото коло кај Севилја (4-3), комбиниран со победата на Реал Сосиедад, ја фрли на петтото место.
Официјалното претставување на новиот тренер на екипата од „Сан Мамеш“ ќе се одржи на денешната конференција за новинарите.

Најнови вести