Корисничко име Лозинка Пријави се
11.8.2018

Алиоски е во топ-форма, гол и асистенција против Дерби

Македонецот повторно со директен придонес во победата на Лидс

Македонското репрезентативно крило, Езџан Алиоски, постигна гол, а имаше и една асистенција во триумфот на Лидс од 4:1 на гостувањето кај Дерби каунти. Алиоски асистираше при вториот гол, а негово дело беше четвртиот погодок за екипата на тренерот Марсело Биелса. Популарниот Џани даде гол со глава во 64 минута, поставувајќи ги конечните 4:1 за екипата, која иако уште е многу рана фаза од сезоната, полека наметнува кандидатура во битката за влез во Премиерлигата. За Македонецот кој ги одигра сите 90 минути против Дерби, ова беше прв гол сезонава (во минатата сезона даде 7 гола на 41 настап). Во првото коло, тој имаше една асистенција, а беше повлечен во игра во самиот финиш, кога победникот веќе беше одлучен. 
Лидс им се придружи на Астон Вила и Свонси кои имаат максимален учинок по првите две кола, а лидер на табелата во англискиот Чемионшип е Мидлсброу, со 7 бода, но од три натпревари. После два лодиграни меча, Лидс има 6 бода и гол разлика 7-2. 

 

Најнови вести