Корисничко име Лозинка Пријави се
20.2.2017

Бјелса доаѓа во Лил

Аргентинскиот стручњак Марсело Бјелса се враќа во францускиот фудбал, каде што од следната сезона ќе биде тренер на Лил.

Легендарниот Ел Локо пред две сезони беше тренер на Марсеј, кого го напушти само по еден првенствен натпревар. Бјелса тогаш се судри со управата на клубот, а една година подоцна беше поставен за тренер на Лацио. Ни таму не мируваше, па само по два дена го раскина договорот од нему познати причини. „Бјанкочелестите“ поради раскинувањето на договорот поднесоа тужба, па од Бјелса сега бараат 50 милиони евра.
„Марсело Бјелса е еден од најпочитуваните и највлијателните тренери на светот и самиот факт што го привлековме во Лил е задоволувачки“, стои во соопштението на Лил, по договорот за двегодишна соработка која ќе почне налето.
Бјелса во кариерата ги тренираше: Њуелс олд бојс, Атлас, Америка, Велес Сарсфилд, Еспањол, Билбао и Марсеј, а беше и селектор на Аргентина и на Чиле.
Актуелен тренер на Лил е Френк Паси, но во клубот е променета управата, па сега на местото претседател е Жерар Лопез, што довело и до најавената промена на шефот на стручниот штаб.

Најнови вести