Корисничко име Лозинка Пријави се
19.11.2015

Мојс наскоро го презема Лидс?

Шкотскиот менаџер Дејвид Мојс е блиску до враќањето во англискиот фудбал.

Мојс неодамна доби отказ во Реал Сосиедад, а кариерата би можел да ја продолжи во англискиот Шампионат.
Имено, поранешниот менаџер на Евертон и Манчестер јунајтед е цел на некогашниот великан Лидс јунајтед.
Тимот од „Еланд роуд“ во моментов е на 15 местото во вториот ранг на англискиот фудбал, во кој од 16 кола има 19 бодови, 15 помалку од лидерите Хал и Брајтон.
Проблемот е во тоа што Стив Еванс, менаџерот на Лидс, врза две победи пред репрезентативната пауза, па така барем за некое време го зачува своето место на клупата на тимот.

Најнови вести