Корисничко име Лозинка Пријави се
06.3.2018

Бјелса бараше 18 милиони, а сега мора да плати 300 илјади евра

Марсело Бјелса, некогашниот тренер на Лил, ќе мора да му плати оштета на неговиот поранешен клуб од 300 илјади евра.

Оваа одлука е донесена откако францускиот суд го одби неговото барање за исплата од речиси 18 милиони евра како плата и повреда на угледот.
Стручњакот со прекар Лудиот Бјелса во Лил доби отказ на крајот на минатата година бидејќи го прекрши клупскиот правилник и без дозвола отпатува во Аргентина, каде што присуствувал на погребот на неговиот пријател Луис Марија Бонини, со кого работел во репрезентацијата на Чиле.
Првобитно беше суспендиран, а потоа набрзо и отпуштен.
Бјелса веднаш стапил во контакт со неговите адвокати за да покрене постапка против клубот, а по отказот тргна на сè или ништо.
Од Лил побара дури 12.900.000 евра за неисплатените плати, а уште пет милиони евра како оштета поради раскинувањето на соработката, која според договорот требаше да трае до јуни 2019 година.
Судот изјави дека тужбата на Бјелса нема правна основа, но дека има право на жалба.
Бидејќи минатата сезона заврши на 11-тото место на Лига 1, Лил ова лето го ангажира Бјелса за тренер со цел да се пласира во Лигата на шампионите.
Францускиот клуб, исто така, доведе повеќе засилувања, но оваа сезона екипата се мачеше во првенството.
Бјелса се врати во Франција две години, откако ненадејно, поради договорот, го напушти Олимпик од Марсеј.
Тој претходно изјави дека ќе потпише нов договор, а само по еден натпревар го напушти клубот. Една година подоцна, го напушти италијанскиот Лацио два дена по потпишувањето на договорот во јули 2016.

Најнови вести