Корисничко име Лозинка Пријави се
05.8.2014

Кардосо официјално во Трабзонспор

Оскар Кардосо, репрезентативецот на Парагвај, ја напушти Бенфика и направи трансфер во Трабзонспор, соопшти клубот од Лисабон.

Како што се наведува, Бенфика за 31-годишниот напаѓач доби оштета од четири милиони евра, плус 1,65 милиони во зависност од резултатите на турскиот клуб, кој оваа сезона од клупата ќе го предводи Вахид Халилхоџиќ.
Кардосо во Бенфика стигна во 2007 година од аргентинскиот Њуелс олд бојс и во дресот на португалскиот клуб освои две шампионски титули, еден трофеј на Купот и четири на Лига купот, а играше и во две финалиња на Лигата на Европа.
За репрезентацијата на Парагвај одигра 49 натпревари и постигна девет голови.

Најнови вести