Корисничко име Лозинка Пријави се
05.8.2015

Ибрахимовиќ ќе го пропушти отворањето на сезоната

Златан Ибрахимовиќ, фудбалерот на ПСЖ, ќе го пропушти дуелот со Лил на отворањето на новата сезона во Лига 1, објавија „светците“.

Шведскиот репрезентативец се повреди во текот на првото полувреме на натпреварот од Суперкупот на Франција со Лион минатата сабота, којшто францускиот шампион го доби со 2-0.
Деталните прегледи кои се објавени на почетокот на оваа седмица покажаа дека Ибрахимовиќ го истегнал колатералниот лигамент на десното колено.
Но, на првата ѕвезда на ПСЖ не му претстои долга пауза, па се очекува да биде подготвен за дуелот со Ажаксио во второто коло, на 16-ти август.
Дуелот меѓу Лил и ПСЖ се игра во петок од 20.30 часот.

Најнови вести