Корисничко име Лозинка Пријави се
13.8.2018

Ибрахимовиќ: Им дадов подарок за цел живот да го памтат

Погодокот постигнат на дуелот против Англија е најдобриот што го има дадено Златан во кариерата, потврди самиот играч

Златан Ибрахимовиќ е на чекор од постигнување на својот 500-ти погодок во кариерата на репрезентативно и на клупско ниво. Низ повеќе од едно и пол децениската кариера, Златан има постигнато многу спектакуларни погодоци, но еден му е посебно драг. 
Најдобриот гол во кариерата на Швеѓанецот е тој против Англија, на пријателскиот меч одигран во 2012 година. Тогаш Ибракадабра во акробатски стил со „ножички“ од повеќе од 40 метри успеа да даде гол против „гордиот Албион“. 
„Дадов многу голови во мојата кариера за кои луѓето уште долго време ќе зборуваат. Сепак, оној кој засекогаш ќе се памти е тој против Англија, кој го дадов со „ножички“. Пред мечот, играчите на Англија ми зборуваа разни работи, во текот на дуелот беа дури и безобразни, но на крајот им дадов подарок што ќе го памтат цел живот“, во свој стил рече Ибрахимовиќ. 
Ибрахимовиќ за првпат замина надвор од Европа и сега ги брани боите на тимот на Лос Анџелес галакси. Во кариерата има играно за Малме, Ајакс, Барселона, Милан, Интер, Јувентус, ПСЖ и Манчестер јунајтед.

 

Најнови вести