Корисничко име Лозинка Пријави се
26.8.2014

Марко Баша направи трансфер во Рома

Црногорскиот фудбалер Марко Баша е нов играч на Рома, која за него плати четири милиони евра на францускиот Лил.

Италијанските медиуми пренесуваат дека 31-годишниот стопер ќе потпише договор вреден 1,5 милиони евра по сезона.
Трансферот во зависност од игрите на Баша и резултатите на Рома би можело да нарасне до седум милиони евра. Баша во Рома го доведе Руди Гарсија, кој го тренираше и во Лил и во Ле Ман.
Баша е роден во Трстеник, но од 2009 година игра за Црна Гора. Од родниот град се пресели во ОФК Београд, а покрај Франција, три години играше и во Локомотив од Москва.
За Црна Гора одигра 24 натпревари и постигна два погодоци, три пати настапи за Србија и Црна Гора.

Најнови вести