Корисничко име Лозинка Пријави се
03.7.2015

Рекордни 125 милиони долари за Лилард, 108 за Марк Гасол

Еден од најдобрите бекови во НБА, Демијен Лилард, го продолжи договорот со Портланд трејлблејзерс на уште пет години.

Рукито на годината во 2013 година доби засега рекордни 125 милиони долари од тимот од Орегон.
Лилард во следните пет години ќе биде главна ѕвезда на тимот затоа што се очекува дека Ламаркус Олдриџ ќе потпише со некој друг тим.
Сепак, тој ќе се обиде да го наговори соиграчот да остане во Портланд поради што отпатувал во Лос Анѓелес каде Олдриџ преговара со Лејкерси.
Лилард минатата сезона во просек имаше 21 поен и шест асистенции.
Центарот на Мемфис гризлис, Шпанецот Марк Гасол, доби нов договор вреден 108 милиони долаи.
Гасол е третиот кошаркар кој ова лето доби договор вреден повеќе од 100 милиони долари, по Кевин Лав и Демијен Лилард.
НБА клубовите на првиот дена на „преодниот рок“ потрошија 1,4 милијарди долари на нови договори.

Најнови вести