Корисничко име Лозинка Пријави се
07.6.2018

Малку трипл-дабл на Леброн – Дурант со 43 поени сам ги доби Кавалирс

Кошаркарите на Голден стејт поведоа со 3-0 во големото финале на НБА-лигата откако на гостувањето го совладаа Кливленд со 110:102.

Избраниците на Стив Кер сега се на чекор од одбрана титулата, а најзаслужен за тоа е Кевин Дурант.
Некогашниот кошаркар на Оклахома натпреварот го заврши со 43 поени (15/23 од игра), 13 скокови и седум асистенции.
Покрај тоа, Дурант го погоди најважниот удар на натпреварот, како и минатата година, речиси од истото место. Во последната минута се влезе со +3 за Голден стејт (103:100), но по десет секунди беше +6.
Кевин Дурант речиси од десетина метри се подигна за удар, резултатот беше погодок и на семафорот беше 106:100, но точка на натпреварот стави Грин со погодокот за два поена, 108:102.
Кога станува збор за текот на натпреварот, Кливленд водеше во текот на првото полувреме, а разликата одеше и над десет поени предност. На паузата од 20-тина минути резултатот беше 58:52.
Во текот на третиот дел, Вориорс ја презедоа иницијативата, но не успеаја да се одлепат и Кавалирс останаа во натпреварот. Во текот на четвртиот дел се играше кош за кош, а предност донесе веќе споменатиот Дурант.
Освен Кевин, речиси никој друг не беше расположен. Кари постигна 11 поени (3/16 од игра), додека Томпсон и Грин постигнаа по 10.
Во расположениот состав, Леброн Џејмс оствари трипл-дабл, 33 поени, десет скока и 11 асистенции, потоа следува Кевин Лав со 20 поени и 13 скока, како и Родни Худ со 15 поени од клупата. Наредниот натпревар се игра ноќта меѓу петок и сабота.

Најнови вести