Корисничко име Лозинка Пријави се
20.8.2018

Богдановиќ: Американците не земаат допинг, тоа е мит

Србинот вели дека во САД децата уште на 14 години почнуваат да тренираат во фитнес-центар

Српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ, кој во минатата сезона дебитираше во НБА-лигата, вели дека лично се уверил дека американските кошаркари не користат забранети стимулативни средства. Бекот на Сакраменто кингс ова го кажа за српскиот весник „Журнал“.
„Додека бев во Европа, и јас мислев дека Американците не тренираат многу. Но, ако не работеа многу, немаше да бидат толку добри. Тоа дека земаат допинг или некои други чудни супстанци, се само митови. Тие се физички предодредени за спорт. Од мали нозе ги гледаат најдобрите и учат од нив. Веќе на 14-15 години се во фитнес-сала. Кога ќе отидете во САД, тогаш сфаќате колку тие сали за физичка подготовка се важни“, изјави Богдановиќ, кој завчера наполни 26 години. 
Богдан кажа и уште друга разлика помеѓу европската и НБА-кошарката. 
„Во Европа, тренинзите се поставени екипата да се усовршува и со тоа да напредува и поединецот. Во НБА индивидуалната работа е основата за правење играч кој би бил незапирлив во некој елемент. Играш против најдобрите и те тераат да напредуваш, сам гледаш што ти недостасува“, смета Богдановиќ, кој во последните 11 месеци најмногу работел на подобрување на својата брзина. 

 

Најнови вести