Корисничко име Лозинка Пријави се
08.8.2018

НБА мечот кој сите го чекаат, ќе се игра на Божик

Голден стејт ќе му биде домаќин на ЛА Лејкерс во првата пресметка на Леброн Џејмс како член на „езерџиите“ против најдобриот тим во лигата

НБА лигата вечерва ќе го објави распоредот за следната сезона, но веќе се знае кои пет натпревари ќе се играат на божикната програма. Како по традиција, најсилната кошаркарска лига на светот за Божик одредува мечеви кои се интересни поради некакви причини, затоа реши годинава да ги „вкрсти“ Лос Анџелес лејкерс и Голден стејт вориорс. Дуелот на актуелните шампиони против Лејкерс кој летово се засили со Леброн Џејмс, ќе се игра во Оукленд. 
Истата вечер, на 25 декември, Филаделфија сиксерс го пречекува Бостон селтикс во дербито на Истокот, Хјустон рокетс е домаќин на Оклахома сити тандер (за Хјустон би требало да игра Кармело Ентони, кој наскоро ќе го комплетира трансферот од Оклахома), Јута џез ќе има дуел со Портланд трејлблејзерс, а Милвоки бакс ќе гостува кај Њујорк никс. Њујорчаните традиционално, секоја година играат на овој празник, но веќе пет години по ред не знаат за победа, па можеби годинава против „елените“ ќе го разбијат малерот.

 

Најнови вести