Корисничко име Лозинка Пријави се
02.8.2018

Сопругата тврди: Коби Брајант останува во пензија!

Нема ништо од најавите на легендарен тандем Коби-Леброн во Лејкерс


Сопругата на Коби Брајант, Ванеса Брајант, ги разреши сите дилеми околу тоа дали нејзиниот маж повторно ќе се појави во дресот на Лос Анџелес лејкерс. Откако пред некој ден, се појавија шпекулации дека Коби можеби ќе се реактивира за да заигра заедно со Леброн Џејмс, а на таа тема се пошегува и Шекил О`Нил, многумина помислија дека навистина може да се оствари такво сценарио.
Сепак, сопругата на Коби, ги разреши сите дилеми. Еден нејзин пријател ја праша на „Твитер“ колку има вистина во информациите дека 40-годишниот Коби повторно би играл во НБА лигата, таа одговори дека нема шанси и дека сега тој ужива во семејниот живот. 
„Коби нема повторно да игра. Не сака веќе да игра, а и искрено, навистина уживаме во заеднички поминатото време како семејство. На Коби му се допаѓа што веќе го нема она брзање, патувања, и отсуствата од дома кога се слават важни настани како родендени на децата и празници“ – напиша Ванеса. 


 

Најнови вести