Корисничко име Лозинка Пријави се
24.8.2018

Легендата не се откажува и на 41 година Винс Картер ќе лета со „јастребите“ од Атланта

Винс Картер ќе продолжи да игра во НБА-лигата, а веројатно последен клуб во кариерата ќе му биде Атланта хокс

Винс Картер потпиша договор со НБА-екипата Атланта хокс и ќе ја игра 21-вата сезона во кариерата, и тоа на 41-годишна возраст. Еден од кошаркарите со најголем одраз во историјата на играта се договори со „јастребите“, кои ќе му бидат седми клуб во НБА-лигата.
Картер ја почна НБА-кариерата во 1998 година, а таа сезона беше прогласен за дебитант на годината. Уште се памети неговото забивање преку Доминик Вајс, француски репрезентативец што беше комплетно прескокнат од Картер, на летните олимписки игри во 2000 година. Тоа е едно од најатрактивните забивања на сите времиња.
Винс има оставено траен печат во НБА лигата и е трет во историјата со најмногу одиграни мечеви, четврти на вечната листа со најмногу поени и петти според бројот на постигнати тројки.  

 

Најнови вести