Корисничко име Лозинка Пријави се
18.6.2015

Кјер ја засили одбраната на Фенербахче

Данскиот репрезентативец Симон Кјер е прво засилување на турскиот Фенербахче за следната сезона.

Клубот од Истанбул му платил 7,65 милиони евра на францускиот Лил за поранешниот играч на Митјиланд, Палермо, Волфсбург и Рома.
„Фенербахче за мене е чекор напред. Имам 26 години и се чувствувам дека сум подготвен да играм за голем клуб каков што е Фенер. Повеќе од што било сакам да освојувам трофеи, сакам со Фенер да играм во Лигата на шампионите. Едвај чекам да почне сезоната“, изјави Кјер.
Данецот, кој два пати беше стрелец на 50 настапи за националната репрезентација, потпиша четиригодишен договор.
„Воодушевен сум од страста на илјада посветени навивачи на Фенербахче и од топлото добредојде што ми го приредија во Истанбул, како и преку пораките на ‘Твитер’. Фенер е многу амбициозен клуб со многу врвни играчи. Клубот и навивачите заслужуваат трофеи“, додаде Кјер.
Кјер со Фенербахче ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите, а се шпекулира дека турскиот клуб сака уште неколку познати имиња: Џоел Кембел, Нани и Фреди Гуарин.

Најнови вести