Корисничко име Лозинка Пријави се
01.2.2017

Eл Гази во Лил за седум милиони евра

Анвар Ел Гази, досегашниот крилен напаѓач на Ајакс, потпиша договор на четири и пол години со Лил, соопшти францускиот клуб.

Лил не ги соопшти деталите на трансферот, а весникот „Л’Екип“ пренесе дека дваесет и едногодишниот напаѓач е платен седум милиони евра.
Ел Гази е прво засилување на Лил во јануарскиот преоден рок, кој завршува денес.
„Целта е да се борам за клубот, а головите подоцна ќе дојдат“, изјави Ел Гази.
Тој одигра вкупно 98 натпревари за Ајакс и постигна 23 гола.
Лил има проблеми со напаѓачите, бидејќи во 22 првенствени натпревари постигнаа 21 гол. Клубот е 11-ти на табелата и има 23 бода помалку од водечкиот Монако.

Најнови вести