Корисничко име Лозинка Пријави се
20.8.2015

Мичел на клупата на Марсеј

Шпанскиот стручњак Мичел е избран за нов тренер на Марсеј, на местото на Марсело Бјелса, кој пред десетина дена го напушти клубот, соопшти францускиот прволигаш.

„Хосе Мигел Гонзалес дел Кампо и официјално е тренер на Олимпик“, соопшти Марсеј на „Твитер“, објавувајќи фотографија на шпанскиот тренер како го држи дресот на Марсеј, во друштво на претседателот на клубот Винсан Лабрин.
Марсеј не го соопшти временскиот период на кој е потпишан договорот, но локалниот весник „Прованс“ претходно објави дека се работи за двегодишен ангажман.
Мичел во текот на играчката кариера беше ѕвезда на Реал Мадрид во доцните осумдесетти и раните деведесетти години на минатиот век.
Како тренер, ги водеше Рајо Валјекано и тимот Б на Реал, пред да го доведе Хетафе до шестото место во Примера лигата во 2010 година, што е негов најдобар пласман во историјата.
Мичел постигна разочарувачки резултати на клупата на Севилја, но водејќи го Олимпијакос освои две шампионски титули на Грција, како и Купот, пред да биде отпуштен порано оваа година.

Најнови вести