Корисничко име Лозинка Пријави се
08.6.2016

Бјелса е новиот тренер на Лацио

Марсело Бјелса се враќа во Европа и прв пат ќе работи во Серија А.

Италијанските медиуми јавија дека Марсело Бјелса е новиот тренер на Лацио.
По преговорите со Сампаоли, Прандели, претходно со Михајловиќ, Клаудио Лотито се одлучи за популарниот Бјелса.
Марсело Бјелса инспирираше серија тренери, а меѓу нив и Пеп Гвардиола, па по Марсеј повторно се враќа со ангажман во Европа.
Тој секако ќе биде освежување во Серија А, а останува да се види како неговиот стил, офанзивата и инсистирањето на поседот на топката ќе поминат во конзервативната Италија.
Аргентинецот ќе биде еден од добро платените тренери во Серија А и ќе заработува околу 2,5 милиони евра по сезона, а договорот му е за три години.
Марсело Бјелса пред Марсеј работеше во Билбао, ги водеше селекциите на Чиле и Аргентина, а уште во минатиот век беше на клупата на Еспањол кој го напушти за да стане селектор на „гаучосите“.
Го шокираше Марсеј со заминувањето од клупата по конфликтот со управата на клубот. Бјелса е многу импулсивен, па ќе видиме во какви односи ќе биде со Лолито кој има сличен карактер.

 

Најнови вести