Корисничко име Лозинка Пријави се
29.3.2014

Фудбалерите на Лидс спречуваат стечај на клубот

Играчите на англискиот второлигаш Лидс се договориле го одложат побарувањето за мартовската плата за да може клубот да избегне влегување во стечај.

Извршниот директор на Здружението на професионалните фудбалери, Гордон Тејлор, изјави дека фудбалерите на Лидс прифатиле да земат само дел од своите плати, а другиот персонал на клубот ќе го добие целосниот износ.
Претседателот на италијанскиот клуб Калјари, Масимо Челини, во понеделникот беше блокиран во обидот да го преземе Лидс поради неодамнешната пресуда за затајување на данок во Италија.
Тој вложи жалба на пресудата и остана во контакт со сопствениците на англискиот клуб, а веќе има платено повеќе од два милиони фунти за Лидс.
Некогаш стабилниот премиерлигаш во моментов се наоѓа на 14-тата позиција во англискиот Шампионат, а со оглед на големите финансиски проблеми, прашање е дали воопшто ќе продолжи да се натпреварува во втората по ранг англиска лига.


Најнови вести