Корисничко име Лозинка Пријави се
10.4.2014

Бјелса го презема Марсеј

Аргентинскиот тренер Марсело Бјелса е нов тренер на Марсеј, пренесуваат француските медиуми.

Бјелса, наводно, сè договорил со управата на тимот од „Велодром“, па во наредните 48 часа би требало да го преземе Марсеј.
Аргентинецот минатите сезони го водеше Атлетик Билбао, но минатото лето ја напушти Баскија. Во меѓувреме ги одби понудите на Перу и Мароко да биде селектор.
Бјелса на „Велодром“ ќе го замени Жозе Аниго, спортскиот директор кој привремено го водеше клубот. Тимот од Марсеј моментно е шестопласиран во Лига 1 со 48 бодови, седум помалку од Сент Етјен на местото кое води во Лигата на шампионите.
Аргентинецот во кариерата ги водеше: Њуелс олд бојс, Велес Сарсфилд, Клуб Америка, Атлас, Еспањол, како и репрезентациите на Аргентина и Чешка.

Најнови вести