Корисничко име Лозинка Пријави се
19.10.2015

Лидс: Пет откази за неполни две години

Англискиот второлигаш Лидс јунајтед го отпушти тренерот Уве Реслер, пренесоа британските медиуми.

Реслер го презеде Лидс во мај, кога потпиша двегодишен договор, кој сега е раскинат.
Лидс ги изгуби последните три натпревари во лигата и моментно е 18-ти на табелата на Шампионат лигата.
Реслер е петти тренер што го отпушти Лидс откако Масимо Челино стана сопственик на клубот во 2014 година.