Корисничко име Лозинка Пријави се
22.9.2014

Mиланич на клупата на Лидс

Дарко Миланич, словенечкиот тренер и поранешен фудбалер на Партизан од денес ќе биде менаџер на Лидс, објави клубот.

Миланич вчера на емотивна конференција за новинарите се збогува од својот досегашен клуб Штурм од Грац, со кого во саботата го победи Рид.
Денес пристигна во Англијаи потпиша договор со второлигашот Лидс.
Миланич во Партизан дојде во 1986 година на 17 години и помина седум сезони, а потоа направи трансфер во Штурм, за кого одигра уште седум сезони до завршување на играчката кариера.
„Не ми беше лесно да одлучам да одам. Навистина сакав овде да останам подолго. Штурм е мој клуб и овде поминав прекрасно време и како играч и како тренер, а стекнав и нови пријатели. Но, оваа понуда е од некоја поинаква лига, од поинаков свет. Морав да ја прифатам оваа огромна шанса бидејќи којзнае кога повторно би се укажала“, изјави Миланич.
Некогашниот репрезентативец на Југославија и на Словенија тренерската репутација ја стекна во Марибор, со кого освои девет трофеи, а два пати играше во групната фаза на Лигата на Европа и еднаш во Лигата на шампионите.
Лидс досега привремено го водеше тренерот на подмладокот Нил Редферн, кој таа работа ја работеше од 28-ми август, кога Дејвид Хокадеј доби отказ.


Најнови вести