Корисничко име Лозинка Пријави се
21.1.2016

Билиќ го доведе Бајрам од Лидс

Англискиот фудбалски прволигаш Вест хем потпиша повеќе годишен договор со дефанзивниот играч Сем Бајрам од Лидс.

Бајрам има 22 години, а договорот со Вест хем го потпиша на четири и пол години, но висината на трансферот не е објавена. Тој пред тоа одби да прејде во Евертон.
„Неверојатно сум горд и радосен што дојдов во ваков голем клуб. Уште од детството сонував да играм во Премиер лигата, а сега добив и шанса да играм во ваков тим... Сега само сакам да ја наведнам главата и вредно на тренирам и да се надевам дека ќе добијам шанса“, изјави Бајрам по потпишувањето на договорот.
Овој фудбалер во текот на викендот разговараше со тренерот на Евертон, Роберт Мартинес, но во понеделникот ја одби нивната понуда.
За „чеканите“ би можел да дебитира ви сабота на „Аптон парк“ против Манчестер сити.

Најнови вести